ОГЛАСИ

Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Дебрца. Трајкоски:Со чиста совест ја барам повторно вашата доверба

Вести | Избори 2017 | 12.10.2017 10:40Посети : 1430

Во Мешеишта, вчеравечер, се одржа централен митинг на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Дебрца, на кој присуствуваа голем број членови и симпатизери.




Пред присутните, меѓу кои беше и пратеникот Антонио Милошоски, се обрати кандидатот за градоначалник Игор Трајкоски кој истакна дека по изминати четири години пред жителите стои со чиста совест поради оправданата доверба.



- Ние знаеме како треба да се однесуваме кон Дебрца бидејќи самата општина по себе е специфична и бара соодветни проекти кои секогаш гледавме да ги реализираме по примарност. Ние знаеме како да ги спроведеме потребните проекти во наредните четири години бидејќи сме веќе многу чекори пред нашите опоненти и сигурни сме дека таа предност секогаш ќе ја имаме.
Тимот на советници и јас како кандидат за градоначалник ја бараме уште еднаш вашата доверба, ја бараме за доброто на Општина Дебрца, за доброто на сите жители на општината, рече Трајкоски.




Кандидатот за советник и носител на кандидатската листа, Моника Мацеска, рече дека е голема чест, но и голема одговорност да се предводи листата на најголемата и најмоќната македонска политичка партија.




- Слободно и гордо истакнувам дека советничката листа на ВМРО - ДПМНЕ преставува спој од младост, искуство, ентузијазам и патриотизам. Одговорни и посветени личности, со високи морални квалитети кои имаат јасна визија за иднината на Дебрца. Токму оваа комбинација гарантира резултат и успех, гарантира одржување на дадениот збор, гарантира реализација на проекти. Во името на сите кандидати за советници од ВМРО - ДПМНЕ пред Вас се обврзуваме дека отчетноста, транспарентноста, но и одлуките кои ќе ги носиме, секогаш ќе бидат во интерес на жителите на Општина Дебрца. Тоа е наш долг инаша обврска кон Вас. Тоа е нашата вистинска цел кон која се стремиме и никогаш нема да отстапиме, рече Мацеска.





Пред присутните се обрати и пратеникот Милошоски.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 361 гласови (39%)

Не - 74 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 482 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833