ОГЛАСИ

Бакрачески и соработниците ги посетија локациите на кои се гради

Вести | Охрид | 12.10.2017 15:45Посети : 3253

Пред завршувањето на мандатот, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со раководителите на сектори и директори на јавни претпријатија, денес, изврши обиколка на проектите чија реализација е во тек или се во завршна фаза. Како што нагласи Бакрачески, целта е да се продолжи праксата на контрола на работите и увид на активностите кои се изведуваат од локалната самоуправа и партнерите.



Во рамки на обиколката, беше посетена и локацијата каде се гради затворениот зелен пазар.


- Особено ме радува тоа што изградбата напредува со полн интензитет, што дава надеж дека во предвиденото време, одредено за градба, активностите ќе завршат и со тоа го исполнуваме даденото ветување. После обемната работа за обезбедување на потребната проектна и градежна документација и согласности од надлежни министерства, сме во можност ветувањата да ги реализираме. Со овој објект градот не добива само пазар, туку и шопинг мол и најважо катна гаража со можност за паркирање на околу 100 возила во центарот на градот, нагласи Бакрачески.



Во однос на изградбата на новата автобуска станица, Бакрачески информира дека според проектот изгледа многу современо.


- Веќе утре инвеститорот потпишува договор за партнерство со Џамбо Веро, странски инвеститор кој на неколку локации во Македонија веќе има изградено шопинг центри и со тој договор се предвидува изградба на шопинг центар на површина од 10.000 метри квадратни. Со тоа, градот добива два центри за пазарење, обезбедени од оваа локална самоуправа, рече Бакрачески.



Во завршна фаза е и реконструкцијата на тротоарите, велосипедската патека и дрвореди на булеварот Туристичка.


- Веќе е изведена дел од атмосферската и фекална канализација, нови тротоари, во тек е подготовката на металните огради околу дрвата. Според препораките на стручните лица, нови дрвореди кои ќе го красат градот и Туристичка ќе се садат кон крајот на октомври, информира градоначалникот.



Во завршна фаза се тротоарите на улицата „Гоце Делчев“, како што рече Бакрачески, активности кои се преземаат по изминати 40 години.



Бакрачески истакна дека и во завршниот дел од мандатот на овој состав на локалната самоуправа сите соработници се максимално посветени на извршувањето на своите работни обврски, во интерес на градот.


Т.К.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 4 гласови (25%)

Не - 12 гласови (75%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833