ОГЛАСИ

Заев и Груевски со свои обраќања до гласачите

Вести | Избори 2017 | 15.10.2017 20:01Посети : 501

Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, изјави по гласањето претседателот на СДСМ, Зоран Заев.



- Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантски интеграции на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини, развиена економска држава. Јас се надевам дека заради важноста на локалните избори и големата важност на општините во Република Македонија целиот ден сериозно ќе заврши колку што се навистина и сериозни ваквите локални избори. Пред сѐ се надевам на фер и демократски избори и само така сите победуваме во Република Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите наши општини во нашата земја, рече Заев.


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски им се заблагодари на сите граѓани што денеска излегоа да го остварат своето гласачко право.



- Со тоа ја заштитија демократијата во Република Македонија и покажаа грижа за своите градови и за своите општини. Се надевам на успешни избори, односно избори што ќе бидат најдобри за Република Македонија. Исто така, сакам да нотирам дека за целиот изминат период на кампањата имаше видливи нерегуларности и незаконитости, вклучително и денеска, но за тоа ќе информираме кога ќе дојде време, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по гласањето на гласачкото место во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833