ОГЛАСИ

Груевски: Закани, физички пресметки, притисоци. Резултатите ќе се анализираат по изборите

Вести | Избори 2017 | 16.10.2017 00:18Посети : 2338

Првиот круг од локалните избори помина во недемократска атмосфера, беа креирани нефер услови во кои се одвиваше кампањата, а во предизборието имаше физички пресметки, убиства, закани, притисоци, рече во своето вечерашно обраќање пред јавноста претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој обвина и дека во текот на кампањата, од страна на официјални државни органи се упатувале закани врз кандидатите за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, при што се креирала атмосфера на страв и заплашување, со што се влијаело врз луѓето и нивната демотивираност.



- Полицијата беше главен заштитник и поддржувач на овие активности и таа беше ставена во партиска функција. Од многу страни добивме информации за огромен број обиди за директен поткуп на гласачи. Продолжи и црната кампања, а скоро и да немаше ден без неоснована кривична пријава врз некој наш кандидат за градоначалник или актуелен градоначалник. Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршења на изборниот законик. Забележано е узурпирање на државните ресурси, се вршеше притисок, имавме информации од многу места за поткупување на гласачи, а граѓани организирано се носеа на гласачки места. Има сериозни индиции и за манипулаија со гласачки ливчиња, на повеќе места се појавуваат гласачки ливчиња од други општини што отвара сомнеж за организирана кражба на гласови, рече Груевски.


Груевски информира дека за сите нерегуларности ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе претставки и жалби.


- По завршување на изборите ќе следи анализа на сите аспекти од резултатите за да се утврди, покрај сите нерегуларности, што друго од наша страна беше недоволно добро или погрешно направено за да не добиеме подобри резултати, рече Груевски.


Додаде дека како претседател на партијата има највисока одговорност за изборните резултати, но дека за причините, резултатите и идниот правец на движење на партијата ќе биде разговарано по завршувањето на изборите.


OhridNews

 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (23%)

Полуфинале - 22 гласови (46%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833