ОГЛАСИ

Заев: „Народот ја испрати пораката, даде поддршка за раст и развој на Македонија“

Вести | Избори 2017 | 16.10.2017 02:19Посети : 694

Во своето обраќање по првиот круг од локалните избори, Зоран Заев кажа дека пораката од народот е испратена, пренесува тв Телма. „Народот даде поддршка за раст и развој на Македонија. Даде поддршка за едно општество за сите“.



- Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме. Има да има правило, има да има транспарентна власт. За тоа нè задолжија сите. Радоста е голема, но одговорноста е поголема. Вредеше борбата и жртвата, вредеше заради нашата Македонија. Вечерва да прославиме, од утре одговорно и посветено да работиме. Ние сме одговорна власт пред сите граѓани. Има да работиме за сите граѓани. Македонија е на сите, сите општини се важни. Во вториот круг со почит кон граѓаните. Очекувам секаде да победиме, но со секој наш чекор покажуваме кои сме. Имаме право да се веселиме после низа години. Нека се радува и весели вечерва Македонија. Македонија моја доаѓаат добри времиња за тебе, бидејќи ти си сè што имаме. Нека ни е вечна добрата иднина, за секоја општина, да живее Скопје да живее Македонија. - изјави Заев. 


Премиерот Заев нагласи дека со победата носи и огромна одговорност: „Граѓаните ќе ги кажуваат нотите, ние ќе свириме по нив. Заврши времето на локалните шерифи“. 


OhridNews
извор: „Телма

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (22%)

Полуфинале - 23 гласови (47%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833