ОГЛАСИ

Струга жали за пропуштената историска шанса во Купот на Македонија

Спорт | Охрид | 19.10.2017 09:02Посети : 739

Тетовска Ренова се извлече од елиминиција во 1/8 финалето во Купот на Македонија со погодок за 2-2 во последните мигови од реванш натпреварот со Струга Трим Лум. „Гипсарите“ со вкупни 5-4 ја прескокнаа струшката екипа која има за што да жали во двомечот.



- Останува грутката во нашите грла за неискористената можам да речам златна шанса за нас во Купот на Македонија. Сепак, јас сум горд на момците кои одиграа храбро и со срце на двата мечеви со Ренова. Покажавме квалитет, но не и карактер, бидејќи во двомечот повеќе време имавме позитива отколку негатива. Не ни останува премногу време за плачење и жалање, бидејќи не очекуваат натпреварите од Втората лига во кои исто така одиме на победа. - рече тренерот, Неџат Хусеин-Џате. 



Валмир Нафиу е таличниот играч за Ренова во двомечот со стружани, откако некогаш младинскиот репрезентативец ладнокрвно погоди за егал 2-2 во последната минута од натпреварот во Струга.

- Во второто полувреме ни дадоа два гола на јуриш и скапо не казнија за нашите нереализирани две чисти прилики при резултат 1-0 во првото полувреме. Уфрлувајќи играчи во офанзива ризикувавме и им оставивме простор за контра напади, што не ги искористија. Дури во финишот ни дојде наградата за непоколебливата игра и обезбедивме пласман понатаму, што е најважно - потенцираше Влатко Костов.

КУП: Ренова се извлече во Струга (фото)


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833