ОГЛАСИ

Полицијата трага по лице кое вчера претепало 32-годишен стружанец

Вести | Охрид | 20.10.2017 10:49Посети : 1992

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на засега непознат сторител, кој синоќа околу 22 часот пред угостителски објект во Струга извршил физички напад врз 32-годишно лице од Струга.



- Физичкиот напад е случен пред угостителски објект на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга каде, засега непознатиот, пристигнал со патнички автомобил и од кафе барот го повикал лицето од Струга надвор да поразговараат, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Тука, во еден момент од меѓусебната комуникација, засега непознатиот сторител, физички го нападнал стружанецот, задавајќи му два удари со тупаници во пределот на главата по што, со брзање избегал со својот автомобил.


OhridNews



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833