ОГЛАСИ

Стојаноски седна во градоначалничката фотелја. Прва задача-скенирање на состојбата во администрацијата

Вести | Охрид | 20.10.2017 13:17Посети : 6959

Скенирање на состојбата во општинската администрација и јавните претпријатија и изготвување на буџетот за 2018, е она на што ќе работи во првите недели од мандатот новиот градоначалник на општина Охрид, Јован Стојаноски кој денес официјално ја презеде функцијата од досегашниот прв човек на градот, Никола Бакрачески.





- Упатувам благодарност до Бакрачески за досега направеното, секогаш треба да гледаме на позитивните работи и секогаш да ги надоградуваме работите кои нашите претходници ги направиле. Се надевам на одлична соработка со граѓаните, да ги остваруваме сите проекти кои сме ги зацртале како неопходни за развој на градот, Охрид да оди во позитивен правец. Посакувам граѓаните да бидат трпеливи, затоа што знаат дека не одат секогаш работите како што очекуваат- брзо и едноставно, сепак сме општина која има одредени проблеми, но како човек се надевам дека во наредниов период ќе ги решаваме сите тие проблеми и ќе постигнеме развој на градот. Посакувам одлична соработка со општинската администрација, да работиме во мирна, тивка и професионална атмосфера, заедно да ги реализираме проектите и тековните програми, рече градоначалникот Стојаноски.


Стојаноски истакна дека еден од приоритетите е подобрување на работењето на општинската администрација, за чија цел веќе од наредната недела ќе се одржуваат обуки за вработените.



- Посакувам да нема отпуштања и да има нови вработувања во администрацијата и јавните претпријатија, затоа што сите граѓани кои биле активни за време на изборите, тоа го очекуваат од нас. Сепак треба да ги разбереме и вработувањата кои ги направил претходниот градоначалник дека биле продуктивни, конструктивни и во правец на подобро извршување на обврските. Наредната недела, во рамки на почнатиот проект со меѓународните институции, почнуваат обуки за вработените и во тој правец треба да ја гледаме подобреноста на општинската администрација. Со вклучување на млади луѓе за проекти со кои ќе се аплицира за добивање нови средства од меѓународни фондови а со тоа ќе се отворат и нови работни места, истакна Стојаноски.




По чинот на примопредавањето на градоначалничката функција, Стојаноски и Бакрачески имаа и краток разговор, како што истакнаа и двајцата, пријателски разговор во кој новиот градоначалник добил и одредени совети, дадени од „прва рака“.  

- Сосема пријателски разговор. Се познаваме над 35 години. Во кабинет влеговме двајца пријатели кои ги делеле клупите од прво одделение, што не прави горди. Потекнуваме од исто маало и училиште и секако ова е успех на целата генерација, не само на нас двајца, рече Бакрачески.



- Секогаш е добро да се слушне што е тоа што најмногу го нервирало или поттикнувало досегашниот градоначалник и од „прва рака“ да дознаеш што е она кое ќе ти е најголемиот проблем во иднина, а всушност која е и позитивната страна на функцијата. Сме имале политички разидувања, но никогаш не сме си упатиле лош збор. Посакувам така да биде и во иднина со опозицијата, изјави градоначалникот Стојаноски.



И додека новиот градоначалник го минува првиот ден во градоначалничкиот кабинет, Бакрачески работниот ден ќе го помине на своето претходно работно место-во Заводот за кардиологија, обновувајќи ги своите вештини во интервентната кардиологија. Како што рече пред заминување, во општинската зграда влегол со „бел образ и чисти раце“ и така ја напушта. Горд е на сработеното, но и среќен што и се враќа на својата примарна професија.


Т.Кувенџиска





© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833