ОГЛАСИ

Театар Комедија со популарната претставата „Стујардеси“ гостува во Охрид

Култура | Охрид | 29.10.2017 10:53Посети : 1974

Охридскиот Народен театар по гостувањето на Битолскиот театар со претставата „Последната ноќ“ и МНТ со „Не се клади на Енглези“, го најавува и гостувањето на Театар Комедија од Скопје.


Актерите од Театар Комедија на 4-ти ноември, во 20 часот, пред охридската публика ќе ја играат  101-та изведба на мега популарната претстава „Стујардеси“.
Претставата „Стјуардеси“ е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Режисер на претставата е Синиша Евтимов, сценографија и костимографијата - Илина Ангеловска, музика - Драган Ѓаконовски Шпато.



Играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков.


Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред.


Картите по цена од 150 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник, 31-ви октомври на билетарата при театарот.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833