ОГЛАСИ

„Цветаева во Прага“ нова книга од Ристо Лазаров

Живот | Книга | 04.11.2017 07:00Посети : 557

Годините (1922-1925) што Марина Цветаева, за кои мнозина зналци велат дека е едно од најзначајните поетски имиња на дваесетиот век, ги поминува во бегалство во Прага, се тема на најновата книга куса проза на Ристо Лазаров.


Книгата започнува со кажувањето на Цветаева "Во моите песни е мојот живот", по што, авторот, забележувајќи дека има патишта по кои се врви без да ги избереш и дека тоа Цветаева го сфаќа рано, го поставува прашањето: којзнае дали Марина Цветаева беше вистински бегалец, или привремено си замина од руската литература - за навек да остане во нејзиниот врв.
По пристигнувањето во Прага Цветаева веднаш ќе им пише на пријателите во Москва: Живеам во Чешка, недалеку од Прага, во селска куќа. Овдешниот мој живот е сличен на московскиот, мислам на секојдневието, дури можеби и постегнат - но на семејството му се придружија и стиховите и природата. Со месеци никого не гледам. Вело претпладне пишувам и шетам: планините наоколу се чудесно убави.


Всушност, целиот живот, а и во прашките денови - Цветаева е - маченица. Дали е маченица отшто е поетеса или е поетеса отшто е маченица? Или, просто: судбина. Како и да е, нејзиното творештво е неразделно од нејзиниот маченички живот. Самата често се утешува: наречниците и одредиле трагична судбина.


Книгата "Цветаева во Прага" има необичен формат и изглед, а содржи и куси фрагменти од нејзината преписка со Борис Пастернак.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 84 гласови (29%)

Не - 208 гласови (71%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833