ОГЛАСИ

Стјуардеси го загреаја Центарот за култура во Охрид

Култура | Охрид | 05.11.2017 07:00Посети : 3888

Стоечки овации доживеа актерската екипа на Тетар комедија од Скопје за извонредната изведбата на хит претставата „Стјуардеси“ синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“во Охрид.


 


Тоа беше 101 изведба на оваа претстава која е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а музиката на  Драган Ѓаконовски Шпато. Исклучително воиграната актерска екипа во состав: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска и Тања Мицков до солзи ја насмеаја охридската публика која уживаше во претставата.



Претставата „Стјуардеси“ беше одиграна пред преполно гледалиште. Билетите за неа беа експресно распродадени за само неколку часа, што покажува дека Охрид живее со театарот, а менаџерскиот тим на Народниот театар - Охрид извонредно го гради репертоарот во кој освен претстави од сопствена продукција се прикажуваат и популарни дела од водечките театри во земјата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833