ОГЛАСИ

Нов скандал во Холивуд: Популарниот актер Ед Вествик обвинет за силување на негова колешка

Занимливости | Свет | 07.11.2017 22:04Посети : 449

Младата актерка Кристин Коен го обвини Ед Вествик, кој глумеше еден од главните ликови во популарната серија „Озборувачка“ (Gossip Girl), дека ја силувал, пренесува „Макфакс“.



Коен го обвини Вествик дека ја силувал пред три години, кога првпат го запознала во неговиот дом во кој го посетила со нејзиниот тогашен партнер. Младата актерка напиша на „Фејсбук“ дека Вествик прво сугерирал тие да имаат секс во тројка. Кристина му предложила на својот партнер, инаку продуцент во Холивуд, да си заминат, но тој ѝ рекол да останат уште 20 минути за да не бидат непристојни. Тогаш Коен рекла дека е многу уморна по што Вествик ѝ предложил да оди во една од собите и да се одмори.


„Наеднаш се разбудив кога видов дека Ед е врз мене, а неговите прсти влегуваат во моето тело. Му реков да престане, но тој беше силен. Се борев со него колку што можев, а тогаш ме фати со рацете за лицето и ми рече: ‘Сакам да те е*ам’. Се вџашив, бев исплашена. Не можев да зборувам, не можев да се поместам. Ме совлада и ме силуваше“, напиша Коен на „Фејсбук“.


Кога му кажала на партнерот што се случило, тој ја нападнал дека и таа го сакала тоа.


„Ми рече да не кажувам никому затоа што Ед ќе ги сврти луѓето во филмската индустрија против мене и дека ќе треба да се простам од кариерата. Ми рече: ‘Не сакаш да бидеш една од оние силувани актерки”’, напиша Коен.


„Чувствувам гнев кога ќе видам дека луѓето како што се Ед добиваат почит од публиката. Тој дава изјави за Оксфорд, каде што е прогласен за влијателен човек. Како ќе заврши тоа? Луѓето како Ед ја користат славата и силата за да вршат насилство и да заплашуваат, а продолжуваат да собираат награди“, напиша Коен во својата исповед.


Актерот сè уште се нема огласено за ваквите обвинувања.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833