ОГЛАСИ

Есенското издание на магазинот „Наше Здравје“ во знак на „Мовембер“ и потребата од поголема грижа на мажите за своето здравје

Живот | Здравје | 09.11.2017 22:49Посети : 943

Деновиве од печат излезе новиот бој на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“. Во есенското издание магазинот донесува разговор со хирургот и уролог  Д-р Горан Балевски за потребата од подигнување на свеста за поголема грижа на мажите за своето здравје, како и eдукативни текстови на различни теми и корисни совети од стручни лица.



-Настојуваме на нашите читатели кои веќе ја препознаваат нашата посветеност, да им понудиме четиво кое станува навика и своевиден здравствен советник. Така и во овој број на „Наше Здравје“ донесуваме актуелни  здравствени теми. Со еминентни стручњаци разговараме за здравјето на мажите, за корисноста на пробиотиците и опасноста од употреба на антибиотици на своја рака, за негативните последици на стресот, тиковите кај децата. Подготвивме интересни стории за заштита на оралното здравје, одговараме на вашите прашања, од шпајзот преполн со здрави намирници кои ги дава есента подготвивме вкусни и здрави рецепти, ве разонодуваме и наградуваме. - вели главниот уредник на магазинот „Наше Здравје“ М-р Марица Угриновска Баткоска.



Издавач на магазинот „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и "OhridNews". 



Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците, како и во хотелски и угостителски, модни салони и други препознатливи места во регионот и пошироко.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833