ОГЛАСИ

Обновено: Живка Ангелоска ќе раководи со советот на општина Охрид

Вести | Охрид | 13.11.2017 11:31Посети : 6876

Со 12 гласа ЗА, на седница утрово, советничката од редовите на коалицијата предводена од СДСМ, Живка Ангелоска, е избрана за претседател на советот на општина Охрид. За неа гласаа советниците од коалицијата предводена од СДСМ, освен советникот Филип Јованоски кој се воздржа од гласање, и од коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА.



Живка Ангелоска по професија е правник. Таа и во минатото извршувала јавна функција како директор на ЈП „Градски пазар“.


- Како дипломиран правник, целокупниот свој стручен капацитет ќе го насочам кон доследно почитување и применување на позитивните правни прописи кои ја регулираат работата на советот и нашите права и должности како советници. Како граѓанин, основен мотив во работењето ќе ми претставуваат барањата, интересите и доброто на нашите сограѓани. Искрено верувам дека во наредните четири години од оваа говорница ќе слушнеме многу конструктивни дискусии. Ќе имаме демократски расправи, а се помалку политички разединувања.  Да си го сочуваме личното достоинство на начин на кој нема да посегнеме по туѓата чест и туѓиот углед. Доаѓаме од различни политички партии, различно политичко убедување, на локалните избори настапивме со различни програми, но она што е заедничко за сите нас е дека ја баравме довербата на граѓаните. При тоа им ветивме дека ќе бидеме одговорни советници и ќе работиме во интерес на општината. Граѓаните ни ја дадоа довербата, сега останува на нас, да ја оправдаме таа доверба, рече новата претседателка на охридскиот совет во своето прво обраќање до советниците и јавноста.



На седницата која заврши експресно, усвоени беа решенијата за избот на членови на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија, на Статутарно-правна Комисија, на комисиите за за јавни и комунални дејности, за урбанизам, за туризам и локален економски развој, за заштита на животната средина, за млади и спорт, за месна самоуправа и за еднакви можности меѓу мажите и жените, а усвоена беше и Предлог Одлуката за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833