ОГЛАСИ

Македонскиот филм „Исцелител“ триумфираше во Солун

Живот | Филм | 13.11.2017 11:56Посети : 225

Филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески ја освои наградата на публиката во рамки на „Balkan Survey“ програмата на 58 - от Солунски филмски фестивал. Тоа e единствената награда што се доделува во балканската програма и прва награда доделен а на македонски филм во 58 - годишното постоење на фестивалот.



Балканската програма оваа година беше исклучително престижна, учествуваа 10 филма, меѓу кои и овогодинешниот добитник на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“, потоа добитникот на Фипресци наградата на Софискиот филмски фестивал, српскиот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ и уште еден романски филм, учесник во официјална конкуренција на Локарно - „Charleston“.



„Сѐ уште сум под огромни ипмресии. Големо задоволство во моментов ми е што наградата на публиката ми покажа дека филмот кој се движеше на тенка линија помеѓу драма и комедија целосно допре до интернационалната публика. Се смееја на хуморот, се плашеа за главниот јунак, навиваа за среќна завршница. Имав две прекра сни проекции, а во релаксирана атмосфера слушнав коментари кои ми покажаа колку сме блиски како култури, особено притиснати од нашите апсурдни балкански невољи. Се надевам на добар прием и кај нашата публика. - изјави режисерот Ѓорче Ставрески.


Филмот пред македонската публика премиерно ќе се прикаже на Синедејс на 19 ноември, по што ќе се најде на редовната програма на македонските кина. 


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833