ОГЛАСИ

Трета МФЛ: Прекинат мечот Могила - Охрид, победа на Воска, пораз на Сатеска

Спорт | Охрид | 14.11.2017 08:15Посети : 1258

Натпреварот во Могила помеѓу истоимената екипа и Охрид во 12-та рунда од Третата фудбалска лига беше прекинат по пет минути игра, откако гостинскиот состав остана со шест играчи на теренот што не е дозволиво според фудбалските правила.



- Натпреварот започна со 60-ет минутно задоцнување поради дефект на комбето на гостинската екипа. Гостинската екипа пријави 9 играчи во записник меѓутоа натпреварот го започна со 7 играчи. Во 5 минута се повреди еден гостински играч и по чекање од 5 минути истиот не можеше да го продолжи натпреварот. Во 10 минута истиот е прекинат поради тоа што гостинската екипа остана со недоволен број на играчи. - стои во записникот од натпреварот.

Домашната екипа не остави ништо на случајност и уште во првите пет минути поведе со 2-0, а охридските бели со оглед на бројот на фудбалери на теренот ќе претрпеа убедлив и катастрофален пораз.

Во 12-та рунда три бодови по подолго време освои Воска која со 5-2 славеше во Битола против Баир Кркардаш, додека Кораб со 4-1 го совлада тимот на Сатеска во Волино.

Резултати: Фљамуртари - Караорман 1-1, Велешта - Лирија 4-3, Сатеска - Кораб 1-4, Кравари - Октиси 7-2, Баир Кркардаш - Воска 2-5, Могила - Охрид 2-0, Влазними - Преспа 3-1.

Табела: Кораб 33, Кравари 28, Фљамуртари 26, Караорман 21, Преспа 19, Могила 18, Сатеска 16, Охрид 16, Велешта 16, Влазними 15, Лирија 13, Октиси 9, Воска 7, Баир Кркардаш 0.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833