ОГЛАСИ

Свети бесребреници Козма и Дамјан

Празници | Празници | 14.11.2017 07:13Посети : 944

Светите бесребреници Кузман и Дамјан (Козма и Дамјан) во народот познати како Свети Врачи наречени се бесребреници или безмитни затоа што бесплатно ги лекувале сиромашните болни, а среброто е поим за алчност.

Според една легенда родени се во Азија каде што и умреле во малоазискиот град Фереман.

Според друга пак родени се во Рим, а умреле во планината каде што биле каменувани од својот некогашен учител кој им завидувал на славата затоа што го надминале.

Легендата вели дека со успех го изучиле лекараскиот занает, а господ ги дарувал со исцелителска моќ да лекуваат секакви болести

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина, лекување, баење...

Тие на овој празник не работат зошто во спротивно нема да им се фати лекот.


По повод празникот во црквата Св. Козма и Дамјан во Варош, утрово (8.45ч.) ќе се служи света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.


Јасминка Т. Момироска

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833