ОГЛАСИ

Стартува обврската за носење зимска опрема во возилата

Вести | Охрид | 14.11.2017 10:11Посети : 904

Од 15-ти ноември па се до 15-ти Март наредната година, согласно одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возачите на сите моторни возила и работни машини кои учестуваат во сообраќајот на патиштата во и надвор од населени места, се должни покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема, потсетуваат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.



- Соогласно Правилникот за уреди и опрема, под зимската опрема за моторните и приклучните возила како и работните машини, се подразбира поседување на пневматици (гуми) за зимска употреба (М+С) на погонските тркала или радијални пневматици на сите тркала со летен профил, на кои длабината на шарите на спојот што гази по обем и ширина мора да изнесува 4 мм, но притоа во возилото да има и синџири за погонските тркала. Доколку возилото има летен профил на пневматици, задолжително треба да има синџири за снег на погонските тркала, потенцира претседателот на советот, Стефан Димоски.


Под поседување на пропишана зимска опрема во автобусите и тешките товарни возила се подразбира, покрај поседувањето на горенаведената зимска опрема во истите да има и лопата.Според пропишаните законски одредби, забрането е на моторните возила да се поставуваат пневматици со клинци.


Согласно одредбите на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, глоба од 15 евра во денарска против вредност во мандатната постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите на Законот, односно кој во наведениот временски период не поседува пропишана зимска опрема.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833