ОГЛАСИ

Фудбалот во Италија го допре дното, време е за промени

Спорт | Свет | 14.11.2017 12:40Посети : 347

Незадоволството поради големиот неуспех на Италија во баражот со Шведска и не одењето на Мундијалот во Русија беше големо. „Азурите“ и навивачите тешко ја прифатија елиминацијата која става точка на серијата учества на Светските првенства од 1958 година.



Прв кој јавно го искажа незадоволството беше братот на Фабио Канаваро, Паоло, кој за виновници ги најде сите чинители во италијанскиот фудбал, а не само селекторот Џанпјеро Вентура, кој веднаш си поднесе оставка.

- Луѓе, пласманот на СП не го изгубивме вчера, туку пред 15 години кога луѓето кои го водат фудбалот почнаа да носат промашени фудбалери кои им го крадеа местото на домашните.

Им пруживме прилика да осетат слава, а за тоа се криви тренерите кои се одлучуваа за такви потези и не ги форсираа домашните фудбалери. Сега, кога допревме дното време е за реформи и за промени. Прво да им се заблагодариме на странските играчи кои го контролираат нашиот фудбал и нашите млади играчи да излезат на виделина.

Криво ми е за Буфон кој ќе беше првиот фудбалер во историјата кој настапил на шест светски првенства и се надевам дека неговите солзи ќе бидат последни пролиени за нашиот фудбал. - стои во реакцијата на Канаваро.

Токму братот на Паоло, Фабио Канаваро го крена златниот медал на Мундијалот во Германија кога „азурите“ после изведувањето на пеналите ја совладаа Франција.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833