ОГЛАСИ

Прво интервју на градоначалникот Стојаноски: Само од камати на долгот секој ден губиме по едно вработување што е една од причините за демографската ерозија во Охрид

Вести | Охрид | 14.11.2017 15:14Посети : 8830

Долгот на општината ќе се зголемува за над 2 милиони евра годишно доколку не бидат преземени мерки за негова санација, изјави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски во првото интервју по назначување на функцијата што го реализираше интернет порталот OhridNews.


-Направивме симулација, што ќе значи доколку земеме кредит да ги покриеме сите долгови. Ако земеме кредит можеме да го исплатиме за 15 години бидејќи општината може тоа да го издржи. Доколку тоа не го направиме анализите покажуваат дека долгот ќе продолжи да расте за 6-7000 евра на дневна основа или некаде за 2 до 2,5 милиони евра на годишно ниво. Тоа значи дека секој ден губиме по едно вработување што е една од причините за заминувањето на младите од градот и демографската ерозија. - изјави градоначалникот Стојаноски.



Во видео интервјуто што порталот OhridNews го реализираше во соработка на „Мега продукција“, Стојаноски се осврнува и на состојбите во советот и во коалицијата предводена од СДСМ откако ВМРО НП не го поддржа изборот на Живка Ангелоска за претседател на советот. Запрашан дали се соочува можеби со уцени, Стојаноски истакна дека има барања за задоволување на потребите на коалиционите партнери, но и идеолошки разлики.


- Советникот на ВМРО НП гласаше воздржан, што е негово демократско право. Деновиве ќе се одлучува за идните односи со коалициониот партнер. - рече Стојаноски.


Градоначаникот открива дека во тек е ревизија на работењето и проектите на претходната локална власт. Во интервјуто тој се осврнува на изборот на директори во јавните претпријатија и училиштата, проблемите со кои тие се соочуваат и решенијата кои се подготвуваат, за реформите во работењето на општинската администрација и новата систематизација која се подготвува, за судбината на спорниот хотел во Лагадин, но и за реконструкцијата на Али Пашината џамија во охридската чаршија што ги разбранува духовите. Отворено говори за приоритетите кои ќе се финансираат од буџетот за 2018 година, за статусот на работниците во локалната самоуправа, јавните претпријатија и воспитно образовните установи со договор на дело, но и за проблемите со изградбата на новиот болнички блок во Св. Еразмо и другите проекти кои се во надлежност на државата како затворениот базен и автопатот Охрид - Кичево, кои се соочуваат со сериозни проблеми.


Градоначалникот Стојаноски најави поинаков пристап во одбележувањето на Нова година и претстојните зимски празници за што се подготвува специјална програма која ќе има многу новини и ќе се реализира еден месец.


Целото интервју може да го погледнете тука:



OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833