ОГЛАСИ

Селекторот Милевски најави драстични промени во младата репрезентација

Спорт | Македонија | 14.11.2017 17:05Посети : 392

Селекторот на репрезентација до 21 година, Благоја Милевски најави драстични промени после поразот од Австрија (4-0) на Националната арена „Филип Втори“ од селекцијата на Австрија. Со третиот пораз во четвртиот натпревар „црвено жолтите“ не само што ги загубија шансите туку и се заковаа на дното од табелата во седмата квалификациона група.



- Нема многу што да се каже после пораз 4-0 на домашен терен. Очигледно е дека имаме големи проблеми во селекцијата. Одговорноста за резултатите е моја, затоа јас можам да најавам дека ќе има драстични промени во селекцијата за следните мечеви кои не очекуваат во март. Ќе се вратиме 3-4 години назад, кога на сред циклус вртевме нова страница и правевме екипа за следниот. Видливо е дека поголем дел од овие фудбалери не можат да се носат со притисокот кој го остави минатата генерација која го имаше најголемиот успех. - изјави Милевски.



Да не биде се` така сиво денеска во македонскиот фудбал се погрижи селекцијата до 17 години која го освои првото место на претквалификациониот турнир кој се играше во Скопје и се пласираше во главните квалификации за Европското првенство. Токму од оваа селекција Милевски ќе прозива и ќе „фрли во оган“ во мечевите кои доаѓаат.


У21: Дебакл на младинците во Скопје (видео)


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 616 гласови (30%)

Не - 1414 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833