ОГЛАСИ

Репортажа: Спа центрите на Велинград му носат 365 дена туристичка сезона, наскоро градот добива ресторан со охридски шмек

Живот | Репортажи / Фељтон | 18.11.2017 07:00Посети : 5058

Во срцето на Родопските планини во централна Бугарија, на надморска височина од 777 метри се наоѓа градот Велинград, кој лежи на богатство од термални минерални води. Ова место со околу 22.000 жители во кое речиси и нема невработени, изобилува со мноштво хотели кои го негуваат бањскиот туризам. Во најстрогиот центар на градот се наоѓа хотелот со четири ѕвезди „Здравец“ кој нуди врвна услуга на своите посетители. Поседува надворешен и внатрешен базен со минерална вода која доаѓа од изворот Чепино каде извира со температура од 48 степени Целзиусови. Температурата на водата во базенот е 32 степени и во џакузито 39 степени Целзиусови.



Спа центарот има соби за масажа, турски амам, турска бања, бисерни кади, сала за релаксација, третмани со кал од Јордан, чоколадна и винска терапија, арома терапија, пилинг со кафе и мед и професионална масажа. Во склоп на спа центарот во хотелот има медицинска екипа која 24 часа врши прегледи и одредува соодветна терапија.



Менаџерот на хотелот кој е дел од поголем ланец хотели во Бугарија, Салих Кунѓов, истакнува дека најголем дел од гостите во „Здравец“ кој е исполнет 365 дена во годината се Бугари. Меѓу најбројните се туристите од Македонија од 17-20 проценти, а доаѓаат и гости од Србија, Грција, Турција, Русија, Израел, Германија, Австрија и други.


-Преку лето сме полни со руски туристи кои заради лековитите својства на минералните води остануваат тука и до 40 дена. Имаме туристи постојано, немаме сезона. Велинград е полн и во лето и во зима, благодарение на минералните термални води. - истакна Кунѓов.



Тој објаснува дека многу луѓе доаѓаат во хотелот „Здравец“ заради физикална терапија која е лек за многу болести. Цените се достапни и се поевтини доколку престојот е подолг.


- Во моментов владее огромен интерес и не можеме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани гости поради што доградуваме уште едно крило во хотелот, каде ќе има специјализиран оддел само за физикална терапија и рехабилитација. Всушност тоа ќе биде огромен медицински центар со доктори, медицински персонал и професионални масери за што склучивме договор со турската болница Аџибадем. Тој ќе биде готов за околу една година и ќе го зголеми капацитетот на хотелот кој сега прима до 180 гости за 40%. - рече Кунѓов.



Салих Кунѓов - менаџер на х. „Здравец“ - Велинград, Бугарија


Хотелот „Здравец“ покрај сместувањето и спа центарот нуди и одлични угостителски услуги и забава, а наскоро овој сегмент ќе добие и охридски шмек. Менаџерот Кунѓов ни откри дека е одушевен од култниот охридски ресторан „Св. Софија“ и дека во моментов се гради негова реплика во рамки на хотелскиот комплекс, а ќе го опслужува готвачки тим од Битола.




Велинград изобилува и со излетнички места


Велинград како дестинација е добро позната на охриѓани и туристите од Македонија вели Елида Битрак, сопственичка на туристичката агенција „Елида“. Посочува дека во последно време се поголем е бројот на лица кои се зинтересирани за спа центрите во овој град.


-Ми се чини дека овој вид на туризам е релакс за душата и го продолжува животот. Токму од тие причини ние се одлучивме да ја форсираме оваа дестинација, бидејќи Велинград е најголем спа центар во Бугарија од една страна, а од друга страна нуди најдобри услови за одмор и релаксација. - истакна Елида Битрак.



Елида Битрак - Т.А. „Елида“ Охрид


Покрај во спа центрите, во Велинград може да уживате во прошетка низ чаршијата која изобилува со голем број продавници со исклучително квалитетни производи. Локалните жители се пријателски расположени кон туристите кои придонесуваат во развојот на локалната економија. А дека пристапот кон туризмот на најголемата општина во регионот Пазарџик е сериозен говори тоа што градоначалникот на Велинград секој понеделник се среќава со хотелиерите со кои разменува идеи и заеднички договараат реализација на проекти од интерес на туризмот и градот кој покрај одличните спа центри е познат и по развиената дрвна индустрија.


Г. Момироски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833