ОГЛАСИ

„Меморија“ се' уште оган под ѕвездите

Занимливости | Македонија | 19.11.2017 07:00Посети : 3493

Во преполната Метрополис арена во Скопје, синоќа, култниот музички бенд „Меморија“ одржа незаборавен концерт по пауза од четврт век.




Публиката која беше составена од повеќе генерации, повторно уживаше во најголемите хитови на „Меморија“ како „Оган под ѕвездите“, „Возови“, „Град“, „Зошто Боже“, „Македонија“, „Нена“, „Нашите слики“, „Дирлада“ и други.



Перо Камиказа, Апостол - Поце Икономов, Валентино Скендеровски и останатите од оригиналната постава на групата како да чекале 25 години за повторно со огромна енергија да ги изведат песните на бендот кој одбележа еден период од македонската музичка историја. Дел од песните ги изведе Ристо Самарџиев, кој беше вокал на „Меморија“ на петтиот студиски албум.



Вистински музички времеплов приредија и гостите на концертот Пере - Нокаут, групата Зијан, Мики Јовановски Џафер и дел од оригиналната постава на групата „Лева Патика“.



Тричасовното музичко уживање ги потсети повозрасните генерации на едно поубаво и посреќно време, а за помладите кои тогаш не биле родени им долови дел од магијата на македонската музичка сцена во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век.



Концертот на „Меморија“ ја испрати во историја „Метрополис“ арената, а музичарите и публиката си посакаа повторна средба на некое друго место.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1199 гласови (88%)

Не - 156 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833