ОГЛАСИ

Изведувачот предупредува дека се можни оштетувања во незавршениот нов блок во болницата Св. Еразмо во текот на зимата

Вести | Охрид | 20.11.2017 07:00Посети : 2907

Работите на новиот болнички блок во специјалната болница за ортопедија и траумаологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде според најавите на почетокот од градежните работи во 2015 година требаше да се пресели Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид , се' уште се во прекин, a изведувачот предупредува дека се можни оштетувања на инсталациите во текот на зимскиот период доколку соодветно не се заштитат.


-Јас многу страхувам како изведувач тука бидејќи имаме многу инсталации, а зимата може да направи такви штети со несогледливи последици и би било штета еден ваков објект изграден по сите стандарди да претрпи такви хаварии. Јас претрпев големи штети, тука имам материјали кои не се монтирани, гарантниот рок на тие материјали тече, вакво нешто мене прв пат ми се случува во мојата 40-годишна кариера. - изјави Ѓорѓи Угриноски, сопственик на компанијата Виа од Вевчани, изведувач на работите.



Ѓорѓи Угриноски - ВИА Вевчани


За опасностите по објектот, изведувачот писмено ги известил болницата и Министерството за здравство кое е инвеститор на проектот, со барање за исклучување на доводот на вода и струја во новиот блок заради заштита на незавршените инсталации, на што добил негативен одговор.


-Ве известуваме дека немате право да направите исклучување на водоводната и хидрантската мрежа и приклучокот за електрична енергија, со оглед дека истите се во еден систем и секое исклучување доведува до прекин во работата на ЈЗУ специјална болница „Св. Еразмо“ и заради тоа немате ни законско право да ги направите тие постапки. - стои во одговорот на ЈЗУ специјална болница „Св Еразмо“.



Изведувачот на 31-ви октомври со записник заверен од надзорот на работите, ја прекина изградбата на објектот кој е готов над 80%, бидејќи се' уште не се ослободени старите операциони сали кои треба да се урнат за тој да може да биде завршен, за што Министерството за здравство постојано било известувано со дописи уште од 2016 година. Од специјалната болница Св. Еразмо, велат дека доколку се затворат старите операциони сали постои ризик од престанок со работа на установата затоа што во проектот вреден нешто над 3 милиони евра обезбедени со кредит од Европската банка не се предвидени средства за опремување на новите операциони сали. Од Заводот за кардиологија, пак, информираат дека до овој момент не добиле никаков официјален документ или одлука од Министерството за селење на оваа установа во новиот објект во „Св. Еразмо“ како што предвидува проектот, но и дека тоа е неприфатливо за лекарскиот колегиум.



Засега е извесно дека новиот болнички блок во „Св. Еразмо“ нема да биде завршен во 2017 година како што беше првично предвидено, а дали некој ќе сноси одговорност за пропустите во реализацијата на проектот и евентуалните штети кои може да произлезат од пролонгирањето на роковите и натаму останува отворено прашање.


Г. Момироски


Запрена изградбата на новиот блок во специјалната болница „Св.Еразмо“, неизвесно е кога ќе продолжи и каква намена ќе има!

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 466 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833