ОГЛАСИ

Прва лига: Иднината на Карпош Соколи под знак прашалник, стоп за АВ Охрид

Спорт | Охрид | 20.11.2017 10:35Посети : 612

Некомплетната седма рунда во Првата македонска кошаркарска лига донесе први победи на Шкупи и Струмица, големи прашалници покрај името на освојувачот на трофејот во Купот на Македонија, Карпош Соколи и крај на победничката серија на АВ Охрид.



„Соколите“ минатата сезона го расипаа учинок на МЗТ Скопје победувајќи во Купот, но промената на локалната власт донесе огромни проблеми пред се финансиски кои се најчести во нашите кошаркарски па и останатите спортски колективи.

Слободниот пад на Карпош Соколи го искористи Шкупи, кој пред своите гледачи славеше (86-77) и ја забележа првата победа сезона. На прва победа се израдува и составот на Струмица триумфирајќи во Битола против Пелистер 76-86.

Серијата победи на АВ Охрид застана во седмата рунда, откако „галебите“ после голема и рамноправна борба изгубија во Гевгелија од Блокотехна (92-78). Загубената прва четвртина (29-18) ги чинеше охриѓани пораз, бидејќи во следните три во најмала рака беа рамноправен противник.

Резултати: Пелистер - Струмица 76-86, Блокотехна - АВ Охрид 92-78, Кожув - Куманово 67-82, Шкупи - Карпош Соколи 86-77, Гостивар - Работнички 76-78, Фени Индустри - МЗТ Скопје.

Табела: Работнички 14, Блокотехна 13, Карпош Соколи 12, Гостивар 11, АВ Охрид 11, МЗТ Скопје 10 (-1), Куманово 10, Фени Индустри 10 (-1), Струмица 8, Шкупи 8, Пелистер 8, Кожув 8.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833