ОГЛАСИ

Роднина на сопственикот на бродот „Мис Стон“ тврди дека некој на своја рака го поместил со што го предизвикал еколошкиот инцидент

Вести | Охрид | 20.11.2017 15:34Посети : 5802

Роднина на сопственикот на бродот „Мис Стон“ тврди дека еколошкиот инцидент во каналот Студенчишта во кој се влеваат познатите Билјанините извори, е предизвикан од нестручно поместување на бродот од страна на непознат сторител, при што тој бил оштетен, за што ќе биде покрената соодветна постапка за утврдување одговорност.



-За инцидентот разбравме од телевизија и тогаш сфативме дека бродот е поместен на своја рака од некого и така потонал. Петнаедсет години тој стоеше во каналот и немаше никаков проблем, но кога некој се обидел да го помести го оштетил, а тоа ќе се докаже кога бродот ќе биде извлечен на суво. Тој беше на другата страна од каналот, а не на ова место, вели Лутви Калиќи - роднина на сопственикот на бродот „Мис Стон“. 



Екипи на јавните препријатија и локалната самоуправа се обидуваат да го извлечат на суво бродот Мис Стон, по што ваква постапка ќе следи за уште шест стари пловни објекти во каналот Студенчишта кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина.


Г.М.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833