ОГЛАСИ

Претседателот на ЗНМ предупреди, Владата сака да воведе цензура во медиумите

Вести | Македонија | 20.11.2017 18:10Посети : 640

Владата со обидот за воведување на парични казни за неетичко известување на медиумите сака да воведе цензура, која е забранета со македонскиот устав, обвини претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на дебатата за Нацрт-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што денеска во Скопје ја организира Министерството за информатичко општество и администрација.


Селмани објасни дека Владата практично сака да стави рака врз медиумската содржина и да изигрува главен и одговорен уредник и да им каже на новинарите што е етичко а што е неетичко известување.


„Вие сте неконзистентни во вашите ставови, од една страна велите дека поддржувате саморегулација во медиумите, а од друга страна предлагате казни за новинарска етика. Што ќе работи Советот на етика во медиумите и Советот на честа на ЗНМ ако вие им кажувате на новинарите како треба да пишуваат. За тоа медиумите ќе ги казнувате со пет илјади евра, а одговорното лице со 1500 евра. Со тоа практично воведувате цензура“, рече Селмани и додаде дека луѓето што учествувале во пишувањето на овој член од законот, не само што се големи непријатели на слободата на говорот, туку и директно работат и против кредибилитетот на оваа влада, која сака да се прикажува како реформска.


Тој тврди дека ако не се избришат казните за етичките стандарди на новинарството, Македонија ризикува да ја прекрши Европската конвенција за човекови права и слободи, која е обврзана да ја почитува како членка на Советот на Европа. „Членот 10 од Конвенцијата јасно дефинира за што може да се ограничува слободата на говорот. Вие со овој член излегувате надвор од тие рамки и воведувате нови ограничувања“, предупреди Селмани.


Според него, 0.7 проценти од буџетот за финансирање на МРТ се недоволни средства за нормално функционирање на јавниот сервис. „Кога бевте опозиција не ви пречеше да поддржите 1 процент од буџетот за Јавниот сервис, а сега предвидувате 0,7 проценти од буџетот. Ако МРТВ има долг од 30 милиони евра како планирате Вие со 15 милиони евра годишно да ги сервисирате долговите. Како мислите да отворите нов канал на албански јазик, да ја опремите МРТ, да ги зголемите платите на вработените, а да не говориме за процесот за дигитализација“, рече Селмани.


Министерот Роберт Поповски вети дека членот 61 ќе биде избришан ако тоа го бараат новинарските здруженија. „Отворени сме член 61 да се брише, но размислете што ќе значи тоа“, истакна Поповски. Во врска со финансирањето на МРТ Поповски рече дека се размислува да се предвиди можност секоја година да расте процентот за финансирање на МРТ се додека не достигне посакуваниот 1 процент.


Селмани, на крај на дебата, ја пофали подготвеноста на Владата да се избришат казните предвидени во членот 61 и да се разговара за компромисно решение за финансирањето на МРТ.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 465 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833