ОГЛАСИ

Промоција на книгата „Говор на телото“ од Зендел Абедин Шехи во Охрид

Култура | Охрид | 28.11.2017 07:00Посети : 677

На 30 ноември во четврток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Говор на телото“ од Зендел Абедин Шехи.



-Трудот на д-р Шехи „Говор на телото“ всушност претставува комплетен навигациски водич за невербална комуникација. Во книгата се зборува за историјата на невербалната комуникација, нејзината природа, еволуција на говорот на телото. Универзални фацијални експресии, читање и анализирање на луѓето околу нас. Разбирање на туѓите гестови, знаци и други фактори (сигнали и значење). Значење на знаците (очи – движења, глава, раце дланки, ракување, нозе стапала, персонална далечина и синхронизација). Говорот на телото, позиционирање и седење во однос на другите. Флертување, додворување, закажување состанок, вели во најавата за овој настан промоторот Верица Пандиловска – Гичева.


Присутните на промоцијата во Охрид ќе слушнат за постоењето на речник на говорот на телото, како и за: фобиите, психологијата на лагата. Зошто лажеме, што губиме а што добиваме? Препознавање на лаги. Его. За цената на лажењето и за препознавањето лаги. Воедно во книгата на д-р Шехи се зборува за убавината и убавиот збор на куртоазија и емпатија, за експресија и светот на емоции и за ред други убави нешта.


Д-р Зендел Абедин Шехи е претседател и основач на ЕУ ИНСТИТУТОТ. Тој е човек со огромно искуство во менаџмент, меѓународно право и дипломатија, но и експерт за говор на тело и комуникација. Човекот со визија и сон вели: “Имам еден сон кога еден ден сите граѓани ќе сфатат дека унитарноста и респектот на заедничките вредности ќе ги инвестираат во доверба и љубов каде што луѓето без предрасуди и омраза, без причина ќе научат со заеднички сили да ги победат сите препреки што ги ограничуваат да бидат дел од светот што припаѓаат.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833