ОГЛАСИ

Стоечки аплаузи за актерите на Народниот театар Охрид за премиерната изведба на „БААЛ“

Култура | Охрид | 06.12.2017 07:00Посети : 1805

Народниот театар Охрид - НОТ синоќа премиерно ја изведе претставата „БААЛ“ работена по дело на Бертолд Брехт, а во режија на Андреј Цветановски. За моќната изведба, актерите на НОТ беа наградени со долги стоечки аплаузи, што според режисерот Цветаноски е најдобар показател за успешноста на претставата.



-Имаше одлични реакции и мислам дека и одлично помина претставата која на некој начин му фалеше на Народниот театар Охрид. Сметам дека оваа сериозна, моќна претстава може да биде репер на каде треба да движи НОТ и како егземплар верувам ќе се игра низ Македонија но и пошироко. - изјави за OhridNews по завршувањето на премиерата режисерот Цветановски.




Претставата е исполнета со силни емоции и морални дилеми кои ги отвора главниот лик Баал (Горан Стојановски), кој е своевиден општествен антихерој. 


-Името Баал претставува пандан на Дионис. Практично тоа е енергетска вредност која треба да ја поседува секој човек во смисла на коректор на општеството. Луѓето мора да живеат, да бидат отворени, среќни, не со други средства, туку суштински да се чувствуваат себеси. Баал е антихерој затоа што не е лицемер, не е дел од клубот на лицемери, тој е испревртениот човек кој всушност е вистинскиот исправен. - вели актерот Горан Стојановски.



-Баал антијунакот, ривалот, оној кој што мора да биде сеприсутен и мора да имаме еден Баал во било кое општество и уредување во секое време, затоа што ако го немаме бадијала ни е општеството. Бунтовноста која извира од Баал се надевам дека публиката ја сфати и ја восприми онака како што режисерот ја постави претсавата на сцената на Народниот театар во Охрид. - истакна актерот и директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ Стрезо Стаматовски.



Актерите на НОТ претставата „БААЛ“ ја подготвуваа интензивно изминатите неколку месеци, а одличната актерска енергија можеше силно да се почувствува на сцената.


- Процесот траеше околу два месеци. Оваа претстава е малку поинаква од она што публиката е навикната да го гледа. Ова е второ дело на Брехт што го работиме по претставата „Малограѓанска свадба“. Интересно беше, со големи предизвици, но за гледачите да го почувствуваат она што го нуди претставата треба да ја видат. -истакна актерот Никола Тодороски.







Со премиерата на претставата „БААЛ“ се спушта завесата во НОТ во 2017 година. Оваа претстава ќе биде ставена на редовниот репертоар на театарот во јануари.


Г.Момироски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833