ОГЛАСИ

Антонио Донески: Секој меч за нас во АБА лигата е големо искуство

Спорт | Охрид | 07.12.2017 08:15Посети : 422

Охридскиот кошаркарски клуб и по осум одиграни натпревари не знае за победа во Втората АБА лига. Осмиот пораз охриѓани го претрпеа на гостувањето во Сплит од истоимениот состав (92-73) и останаа на последната позиција од табелата.



Поради повреди воопшто со охридската експедиција не отпатуваа Стево Глигоријевиќ и Слободан Михајлоски, додека бугарскиот интернационалец Станислас Цонков замина после спогодбено раскинување на договорот со „галебите“.


- Дадовме максимум иако игравме без три стандардни кошаркари. Ние сме млада екипа и за нас ова е големо искуство. Никогаш нема да се откажеме и на секој натпревар ќе одиме да се надигурваме. - изјави Антонио Донески. 



АВ Охрид статистички е рамо до рамо со противникот во односот на скоковите и асистенциите и шутевите за два поени, а далеку послаб имаат за три поени.

- Сплит беше поквалитетен тим и заслужено славеше. Останавме без тројца играчи и со ваков ростер не можам да им замерам на играчите. Одиграа добро. Рак-рана е нашиот шут за три поени, имавме 2 од 13. Тоа постојано ни се случува и тука треба да бараме решение. - додаде Петар Чочороски.

До следниот меч во Втората АБА лига со Босна Ројал, „галебите“ ќе ги одмерат силите со Работнички во Првата лига.


АБА: „Галебите“ конкуретни едно полувреме во Сплит


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1205 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833