ОГЛАСИ

Света Великомаченица Катерина

Празници | Празници | 07.12.2017 07:00Посети : 1190

Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од градот Александрија, од царско семејство. Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка и била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани таа тоа своето верување не го кажала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и образована личност со познавање на филозофијата, литературата, а особено ги совладала медицинските науки. Многу богати кнезови сакале да се оженат со неа, но на сите што ја убедувале да се омажи им одговарала дека ќе се омажи тогаш кога ќе и најдат момче што ќе биде рамно на неа со богатство, убавина и образование. Но такво момче немало. Имало богати и образовани, но убави и мудри како неа немало.

Во близината на градот живеел еден праведен човек кој Катерина ја упатил во тајните на христијанството. Тој и зборувал за чудесното раѓање на Исус од пресвета и пречиста Дева Марија, која поради својата светост и чистота станала мајка на Спасителот, а подоцна била однесена на небото каде што ангелите ја служеле и и се поклонувале како на царица. Подоцна Катерина ја сонувала Божјата мајка со својот син и го прифатила христијанството со сета своја душа и разум.

Еднаш кога царот и останатите пагани принесувале жртви и се молеле на паганските идоли Катерина му се обратила со зборовите: „Царе, не ли ти е срам што се молиш пред гнасните идоли? Зошто не го запознаете вистинскиот Бог, кој слегол на земјата и зел човечка форма поради нашето спасение. Тој не сака жртви, туку само да живееме според неговите заповеди“.

За ова Катерина требало да биде жестоко казнета, но поради нејзината убавина царот посакал да ја придобие за жена, ветувајќи и раскошен живот и богатство, но и да ја отргне од христијанството. Но, Катерина тоа го одбила со гнасење. Кога царот помислил дека е недостојно за еден цар да се расправа со една жена повикал педесетина мудреци кои требало да ја разубедат убавата девојка. Но мудрата Катерина сите нив и многу народ убедила во вистинската Христова вера и ги придобила за христијанството. Поради тоа била осудена на смрт и пратена на губилиште. Главата и била отсечена со меч на 18 годишна возраст во 305 година. Преданието раскажува дека подоцна ангелите и го однесле телото на Синајската Планина.


Јасминка Т. Момироска

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 468 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833