ОГЛАСИ

ЛЕ: Вардар во Скопје се збогува од Европа

Спорт | Свет | 07.12.2017 09:48Посети : 212

Македонскиот фудбалски првак и преставник во Лигата на Европа, Вардар во Скопје пред своите гледачи против тимот на Розенборг ќе го одиграа последниот натпревар во дебитанскиот настап во фазата по групи.



„Црвено црните“ посакуваат со позитивен исход победа или реми да стават точка на европското поглавје за оваа сезона.

- Ова за нас е последен натпревар во Лигата на Европа, ова ни служеше да собираме добро искуство, и ние како стручен штаб и фудбалерите видовме што значи да се игра во една ваква Лига. Овие мечеви треба да ни бидат мотив за следните сезони исто така да се обидеме да обезбедиме учество во вакви натпреварувања, бидејќи од овие фудбалери еден ден многумина ќе играат надвор, да знаат што ги очекува, и како е да се игра во Европа. Во овој последен натпревар сакаме да ги освоиме првите бодови, затоа што освен искуството мора да гледаме и резултатски. Знаеме дека резултатски не поминавме добро. На гостувањата бевме блиску, против Розенборг на гости одигравме добар натпревар со шанси, но за жал го загубивме. Овој меч ни е последен натпревар, последна шанса да дојдеме до бодови. Како тоа би го направиле? Со еден добар пристап организациски, тактички, желба, знаење и верба во своите квалитети и пред нашата публика, бидејќи знаеме дека двата меча дома не ги одигравме на нивото и доживеавме порази кои и ден денес не болат. Кончено очекувам со поддршка на нашата публика да ги освоиме тие бодови. - изјави Чедомир Јанески тренерот на Вардар.

Натпреварот на Националната арена „Филип Втори“ се игра во 21 часот и 5 минути.

Двојки:

Група А: Славија Прага - Астана (19ч), Виљареал - Макаби Тел Авив

Табела: Виљареал 11, Славија Прага 8, Астана 7, Макаби Тел Авив


Група Б: Динамо Киев - Партизан, Јанг Бојс - Скендербег

Табела: Динамо Киев 10, Партизан 8, Скендербег 5, Јанг Бојс 3


Група Ц: Хофенхајм - Лудогорец, Истанбул Басакшехир - Брага

Табела: Брага 10, Лудогорец 8, Истанбул Басакшехир 5, Хофенхајм 4


Група Д: Австрија Виена - АЕК, Ријека - Милан

Табела: Милан 11, АЕК 7, Австрија Виена 4, Ријека 4


Група Е: Аполон Лимасол - Евертон, Аталанта - Лион

Табела: Аталанта 11, Лион 11, Аполон Лимасол 3, Евертон 1


Група Ф: Копенхаген - Шериф, Жлин - Локомотив Москва

Табела: Шериф 9, Локомотив 8, Копенхаген 6, Жлин 2


Група Г: ФЦСБ (Стеауа) - Лугано, Хапоел Беер Шева - Викторија Плзен

Табела: ФЦСБ (Стеауа) 10, Викторија Плзен 9, Лугано 6, Хапоел Беер Шева 4


Група Х: Арсенал - Бате Борисов, Црвена Ѕвезда - Келн

Табела: Арсенал 10, Црвена Ѕвезда 6, Келн 6, Бате Борисов 5


Група И: Олимпик Марсеј - Салзбург, Виторија Гимараеш - Коњаспор

Табела: Салзбург 11, Олимпик Марсеј 7, Коњаспор 5, Виторија Гимараеш 4


Група Ј: Херта - Оестерсундс, Зорија - Атлетик Билбао

Табела: Оестерсундс 10, Атлетик Билбао 8, Зорија 6, Атлетик Билбао 4


Група К: Витесе - Ница, Зулте Варегем - Лацио

Табела: Лацио 13, Ница 9, Зулте Варегем 4, Витесе 2


Група Л: Вардар - Розенборг, Реал Сосиедад - Зенит

Табела: Зенит 13, Реал Сосиедад 12, Розенборг 4, Вардар 0


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 467 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833