ОГЛАСИ

Англичаните рекордери, Челси со три опции на ждрепката во ЛШ

Спорт | Свет | 07.12.2017 10:35Посети : 471

Англиската Премиер лига ќе има рекордни пет свои преставници во ждрепката за осминафиналните двојки во Лигата на Шампиони, која ќе се одржи во понеделник во Нион, Швајцарија. Никоја земја до сега од другите национални шампионати во нокаут фазата немал толку преставници иако неколкунастапувале со пет екипи во групната фаза. 



Од петте премиерлигаш во најнезавидна ситуација се најде Челси кој финишираше на втората позиција во Ц групата после Рома, додека Манчестер Јунајтед и Сити, Ливерпул и Тотенхем завршија како лидери на табелата и имаат поголем „избор“ на противници.



Ждрепката за осминафиналните парови е диригирана, не можат да се сретнат екипи од иста земја и со онаа екипа со која си бил во групата во случајот на Челси-италијанскиот калочигаш Рома. Кругот на потецијални противници на Челси се намалува на три екипи и тоа Пари Сент Жермен, Бешикташ и Барселона.

- Јас не говорам која екипа ја посакувам, но слободно можете и нив да ги прашате дали не посакуваат нас за ривал во 1/8 финалето. - кратко одговори менаџерот на „сините“, Антонио Конте.



Нокаут мечевите во ЛШ започнуваат во февруари месец следната година

Победници во групите: Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Ливерпул, Манчестер Сити, Бешикташ, Тотенхем

Втори во групите: Базел, Баерн Минхен, Челси, Јувентус, Севиља, Шахјтор, Порто, Реал Мадрид.


OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 467 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833