ОГЛАСИ

11 години OhridNews - Рефлексија на успехот

Вести | Охрид | 07.12.2017 09:56Посети : 1244

На денешен ден пред 11 години, во предвечерјето на големиот празник Св. Климент Охридски - Заштитникот на Охрид, беа објавени првите содржини на „www.ohridnews.com“, со што официјално започна со работа првиот информативен портал кај нас.



„Охридскиот цивилизациски код не заслужува кич култура. Ние имаме своја автентична етно историја и култура, но треба да направиме и достигнувањата на глобалната светска цивилизација да стигнат кај нас.“ - изјави светски познатиот музичар од Охрид Владимир Четкар во првото интервју објавено на OhridNews кој тогаш најави нова ера во информирањето.


Почетоците беа скромни. Со неколку компјутери, многу идеи но и многу непозната иднина. Денес OhridNews има сопствена редакција составена од професионалци кои секојдневно ја информираат јавноста за најактуелните случувања во градот, земјата и светот, доследно почитувајќи ги стандардите и етичките норми во известувањето.


Во своете единаесетгодишно постоење OhridNews има објавено над 111.000 информации, интервјуа, колумни, видео емисии и има реализирано бројни преноси од значајни настани и спортски натпревари. Со дневна посетеност од околу 15.000 IP адреси, околу 17.000 следбеници на социјаните мрежи, милионскиот преглед на содржините и високиот степен на доверба што го ужива порталот кај читателите, го сместува OhridNews на медиумскиот врв каде опстојува веќе 11 години.


OhridNews e препознатлив и по општествено одговорни проекти и поддршката на хуманитарни, културно - забавни, еколошки и спортски манифестации. Покрај бројните новини кои низ годините ги имплементираше во работењето следејќи ги модерните текови, OhridNews продуцираше квалитетни настани кои станаа прпознатлив белег на живеењето во градот но и пошироко како што се „Зимска бајка“, „Идиотека“, стендап шоуто „Детоксикација“, Годишната ревија на настани на која се прогласуваат најуспешните приказни во годината што изминува и многу други.


За својот придонес во афирмацијата на Охрид, OhridNews во 2008 година го доби највисокото општинско признание Св. Климент Охридски - Патрон на градот, а во 2010 година стана првиот информативен портал во Македонија кој ја доби Националната награда за придонес во развојот на демократските процеси, а добитник е и на бројни други награди и признанија.


Несебична поддршка порталот изминатите 11 години има од деловните партнери и клиенти кои во OhridNews препознаваат квалитет и рефлексија на успехот кој заеднички го споделуваме.


Ваш OhridNews

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 466 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833