ОГЛАСИ

Гостиварчанец крадел пари и возила во Струга

Вести | Охрид | 07.12.2017 12:17Посети : 1093

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“ и две казнени дела „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 23-годишно лице од Гостивар.



- Тој, казнените дела ги сторил во периодот од седми до седумнаесетти минатиот месец во Струга најнапред во канцеларија на такси компанија каде со подесен предмет ја отворил влезната врата, одзел пари, клучеви од возило и патничко моторно возило марка „Опел Астра”. На седумнаесетти ноември, во ноќните саати, пријавениот со тврд предмет го скршил стаклото од една автомеханичарска работилница во Струга, одзел пари, а потоа на идентичен начин провалил во салон за керамички плочки лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга.  Тука извршил пребарување по работните простории, одзел клучеви како и патничко моторно возило марка „Ауди А4“ оставено пред салонот, кое понатаму  го користел за свои потреби, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


Со извршувањето на петте казнени дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист односно предизвикал материјална штета од 250.000 денари. Пријавениот е лице познат на службата против кого и во изминатиот период по слични но и по други основи, биле поднесувани кривични пријави.


OhridNews


© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребно формирање специјална служба - полиција за борба против загадувачите на животната средина?

Да

Не

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа

Гласај

Да - 346 гласови (39%)

Не - 72 гласови (8%)

Надлежните служби треба да почнат да ја вршат својата работа - 467 гласови (53%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833