ОГЛАСИ

Обновено+Видео: Хуманоста го обедини Охрид

Вести | Охрид | 10.12.2017 16:55Посети : 4501

Активисти, доктори, актери, политичари, пожарникари, спортисти..., сите хумани охриѓани, се обединија и заеднички учествуваа на спортско - хуманитарниот хепенинг во спортската сала „Билјанини извори“ за поддршка на лицата со ретки болести. На настанот што организациски го поддржаа локалната самоуправа, ЈП „Билјанини извори“, активистите Гордана Лолеска од „Живот со предизвици“, Ивана Маховска и Влатко Стојкоски, „Супер радио“, со помош на хотел „Нова Ривиера“, лајонс клубот „Лихнидос“, Фудбалската школа Топ Тим Охрид, женскиот ракометен клуб Лихнид, ракометните ветеранки од Охрид, како и бројни хумани ентузијасти од нашиот град, се играше ракомет и фудбал за младиот Јане Велковски од Скопје кој боледува од спинална мускулна атрофија. Целта на настанот беше да се подигне јавната свест за лицата со ретки болести.


 


Хепенингот го збогатија познати музички имиња од градот како Камелеон. Ѓоко Танески, Петар Маркоски, младите Ирма и Ивана, танчерките од Соната и други млади уметници и хуманисти. Настанот кој го следеше градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски ги сплоти и политичарите кои ја делеа фудбалската правда на натпреварите кои ги проследија неколку стотини хумани граѓани.


Сите тие заслужуваат чиста десетка за покажаната солидарност и хуманост.





















Хуманоста го обедини Охрид


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 291 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833