ОГЛАСИ

Хит комедијата "АНАЛФАБЕТ" на репертоарот на Народен театар Охрид

Култура | Охрид | 11.12.2017 07:00Посети : 838

Во петок (15 декември) со почеток во 20.00 часот, на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе биде хит комедијата "АНАЛФАБЕТ", работена по дело на Бранислав Нушиќ, а во режија: Ѓорѓи Ризески.



Во претставата играат актерите на Народниот театар од Охрид: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Адријана Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.


Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при Н.У.Ц.К. Григор Прличев - Охрид

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства, информираат од Народен театар Охрид.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833