ОГЛАСИ

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Празници | Празници | 11.12.2017 10:30Посети : 446

За време на владеењето на императорот Јулијан Отстапник бил извршен страшен прогон на христијаните. Пред ваквата опасност од Никеја во Тивериопол (денешна Струмица) побегнале епископите Тодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Епископот Теодор бил и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните свештеници Петар, Јоан, Сергеј, Никифор и Тодор(втори), ѓаконите Василиј и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Данаил како и еден човек по име Сократ. За нивното прифаќање на христјанството разбрал и управителот на областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети. Ги фатил и ги погубил на 11 декември 362 година. Добродушните христијани ги погребале достоинствено, секој во посебен ковчег од камен, а Бог ги дарил со чудотворна моќ така што на нивните гробови многумина болни оздравеле.

Кога градот бил нападнат и разурнат од Аварите и гробовите на 15 свештеномаченици тивериополски биле затрупани за подолго време. Но подоцна светите мошти на овие маченици биле откопани и погребани во новоизградената црква подигната во нивна чест во градот Брегалница( за кој науката се уште не знае каде се наоѓал). Од сите краишта на Македонија но и пошироко народот доаѓал кај светите мошти на мачениците и барал помош. Подоцна овој град доживеал катаклизма и бил срамнет со земја, а настрадале и светите мошти на овие маченици. Останала само една рака за која се претпоставувало дека е на Петар. која што направила многу чуда и излечила многу болни. Потоа по Балканските војни, во 1913 година некој грк раката ја однел во Кукуш. Во Струмица останал само споменот на светите 15 свештеномаченици кој нашиот народ го празнува на денешен ден.


Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833