ОГЛАСИ

Ф1: Хамилтон отворен за ривалството со Фетел

Спорт | Ф1 билтен | 12.12.2017 08:15Посети : 189

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека притисокот кој тој и пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го трпеле во оваа година, овој пат се префрли на негова страна.


Двајцата имаа пресметка во Баку кога Себастијан намерно го удри Луис во моментот кога на патеката беше безбедносното возило. Токму овој момент, според голем Ф1 критичари, го ценат како точка на која германецот ја изгуби контролата во првенството.

- Невообичаено за него, но оваа година Себастијан имаше поголема нервоза од другите првенства. – изјави Хамилтон и додаде - Никој од нас не е супермен, секој може да попушти кога трпи невероватен притисок. Тоа ви е како во тенисот, кога Федерер игра против Надал и кога двајцата чекаат да приметат грешка на другиот.



Луис нагласи дека успеа да ја крене своја форма и концентрација баш кога беше под силен притисок.

- Видовте на крајот на сезоната. Наеднаш веќе немав притисок и тоа не беше баш добро. Оваа година можам да ја споредам со Усеин Болд и трката на 100 метри. Тој обично има лош старт но на крајот успева да ве стигне. Верувам дека следната година Фетел ќе се врати во свој стил но јас сум тука и не се плашам од предизвикот. – заврши во својата изјава 4 кратниот светски шампион.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833