ОГЛАСИ

Колумна:Ти теквит?

Отворена | Колумни | 18.12.2017 07:00Посети : 1880

“Дали уживате во то шо го работите?“....да ја прашам ова? Шо викаш ти? Или пак....“Дали вие влегвите во категорија на Јавни или Административни службеници?“....можда....“Дали користите ХТЗ опрема при вашето....?“ А?. Шо велиш бре ти ајде гугни се мачам. Е како не знајш зш се спремам. Ај думај малку. Шо беше викендов поважно од гнаснион воздух во Скопје?


Е така ти текна само немој така погрдно да ги викаш. Тие се “сексуални работници“ и имаа перформанс за признавање на нивната работа, мачна, како и барање за да ги третираме како луѓе. Е така. Не е перформанси ко кола....п е р ф о р м а н с, а то ти е нешто ко скечој мечој, ко претстава, ко запознавање со нивните производи од блиску, чепатење и други домаќински понуди.


Абе ќути шо се крена маглата па можевме од клоус уп вју да се запознајме со понудата, па да прашаме шојмет на мени, дали хумилејшн, ваксинг тортуре, рајдинг, па некој по интимни прашања: дал прает комат, со праз ли со сирење или кошмишпите или...Нормално ко секој вработен, работник. Само незнам сега овие од Информатичко општество кај ќе ги клает во систематизација, јавни ли службеници, технички ли персонал...Ваљда им зависит и од школската спрема, со средно, со факлутет, па сигурно многу момички имет магистрирано во Амстедардам, па станале магистрала...и така. Ти теквит?


А не не ...јанглаш си. Она шо спомнав за гнасниот воздух во Скопје....не е баш така. Не е само да си скопјанец и да се загадиш. Неморат да си скопјанец. Уствари морат ама не е така едноставно. Најдов јас литература за загадвењето и таму си стојт: Загадувањето на човечкиот усисно-издувателен систем е обратно пропорционален со блискоста на единката до власто-држците. Односно колку е поблиску до власта толку вредноста на ПМ-10 и ПМ-2.5 е пониска и обратно. Колку е подалеку од власта ( стојт понатаму) т.е. колку е поблиску до опозиција вредноста на овие честички се зголемува и има огромно влијание на неговиот усисно-издувателен систем.


Е па незнам од каде ова баш вака, ама ова објасвење го имет даено научници, а не оние од МАНУ или некој зевзеци. Па тумачи де сега шо би значело ова. Ако си на власт или симпатизер на власта ПМ10 од 250+ си го осеќаш како да е под 25. Шознам ваљда градите на власт сами си се сетирет така и не туку ме прекинви пак немат да резбериш. Значи ако е како овај случај ќе викаш дека немат загадување или ако викаш дека имат ќе велиш дека е од пиперките шо се печет за ајвар, од чадот од костените шо ги печет опозиционерите и дека немат потреба ништо да преземиш. Дури шо повисока функција имаш во власта ќе кажвиш дека појќе ти годит ваков воздух, а ако си пак градоначалник на Скопје ќе викаш дека лапаш “Бронхи“. Ти теквит?


А пак како симпатизер на опозиција и да е ПМ10 под 25, незнам зш ти ќе си го осеќаш како да е 250+. Па ќе прајш протести, собири, ќе плукаш по власта, па гарант припападвиш во несвест на протестот, палардисвиш дека ќе рикниш, ќе оптегниш папки и така. А ако ти речет зш до вчера не ти сметаше истиот воздух дур беше на власт едноставно ќе си одговориш вака: “Јас ништо незнам, прашај ги градиве, сега така се сетирани. И јас не сакам да протестирам , ме терет ПМ честичкиве и другариве. Не е до мене“. Ти теквит?


Ауууа ме потсети. Не ни мислев на оние неопределените зш во литературата ништи не најдов за нивниот усисно-издувателен систем. Незнам шо да ти речам. Па ваљда им е најубо кој како слегвит од власт тие од напола слегвење да се свртет обратно и да си се качет со оние шо одат на власт. Незнам. Збунет сум.


Пак можда исто им е на нив, неопределените, па ваљда и на определините. Кај и да се свртат газот им е отпозади. И пак некој ќе ги дупит. А ко шо ми гледат сите сме дупени. И шо е најстрашно дупењево го осеќаме и последниве шест месеци, мада рака на нога некако ова последново дупење ко да е некој помек начин на дупење, ама пак која сакат варијанта нека е... дупење си е дупење.
Дури јас сум на мислење дека ко веќе пак не` дупат нека е со онај другиот начин, повтрд начин. Зш со потврд е поубав осетот и си е асли дупење.А? Ти теквит?


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833