ОГЛАСИ

Утре промоција на книгата „Што си ти“ од охриѓанката Снежана Билко

Живот | Книга | 20.12.2017 07:00Посети : 956

Утре, четврток, 21-ви декември, со почеток во 20 часот, во кафе барот „Шила“ ќе се одржи промоција на првата мотивациско-инспиративна книга „Што си ти“ од охриѓанката, познатиот мотивациски говорник, Снежана Билко.  „Што си ти“ е мотивациска книга која ќе ве однесе во еден мотивациско творечки свет, свет со многубројни предизвици, искушенија, соочување на различни духовни состојби на радост, љубов, среќа, тага и болка на само една обична човечка душа која опстојува и живее во овој Универзум. Ќе се сретете со душа која чекори по патот на своето себеспознавање, која ја бара и ја пронаоѓа својата мисија и својата цел на своето битисување.



- На моја огромна радост и особено задоволство ве поканувам да бидете директни учесници при уште едно остварување на уште еден голем мој сон. Ве поканувам да ми бидете мои драги гости на промоцијата на мојата прва мотивациско-инспиративна книга под наслов “Што си ти“ во мојот роден град Охрид, порачува Билко.


„Што си ти“ е интерактивна книга која е посветена за сите оние души кои имаат потреба од промени во нивните животи кон подобро, и на оние кои сакаат да работат на својот личен развој, на својот раст и на своето себеспознание. „Што си ти“ е книга која ќе ви покаже како една човечка душа може и умее да се избори со сите стравови, со длабоките падови кои можат да се случат кај секој од нас. Оваа моја прва мотивациска книга е создадена и родена само со една и единствена цел, а таа е да помогне на многумина кои се на крстопат, да помогне на многумина кои не умеат да се справат со своите предизвици и контрасти во својот живот, а воедно и да ги мотивира и инспирира. „Што си ти“ ќе ве натера да навлезете подлабоко во себе, во својата суштина и својата цел на своето битисување.

Во оваа книга можете да најдете и различни патокази, совети и насоки кои ќе ви помогнат при остварување на се она коешто се до овој момент е само еден ваш голем сон.

Присутните на промоцијата ќе имаат можност да ја купат книгата, издадена од „Матица Македонска“, по цена од 300 ден.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (22%)

Полуфинале - 23 гласови (47%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833