ОГЛАСИ

Прва лига: АВ Охрид и Работнички најубедливи, дербито за Куманово

Спорт | Македонија | 24.12.2017 14:21Посети : 354

Екипите на АВ Охрид и Работнички забележаа најубедливи победи во дел од мечевите во 11-та рунда во Првата македонска кошаркарска лига. „Галебите“ на домашен терен со 113-58 го совладаа Карпош Соколи, додека „романтичарите“ со 108-57 го преслуштаа составот на Струмица.



Работнички со победата над Струмица со максимален ефект ја заврши есенската полусезона во Првата лига. За охридските кошаркари ова беше петти триумф сезонава и со егал скор (5-5) котираат на средината од табелата. Охриѓани првата полусезона ќе ја завршат со заостанатиот меч кој ќе одиграат со МЗТ Скопје утре во 18 часот во спортската сала „Јане Сандански“.

Дербито во 11-та рунда им припадна на кошаркарите од Куманово кои со пресврт славеа против истоимената екипа со 89-84. Сигурен на домашен терен беше тимот на Блокотехна кој со 83-58 славеше против Фени Индустри.



Последната рунда во есенската полусезона ќе се комплетира со дуелите помеѓу Шкупи - Кожув односно Пелистер - МЗТ Скопје.

Резултати: Работнички - МЗТ Скопје 108-57, Гостивар - Куманово 84-89, АВ Охрид - Карпош Соколи 113-58, Блокотехна - Фени Индустри 83-58, Шкупи - Кожув, Пелистер - МЗТ Скопје.


Работнички 22, Блокотехна 20, Куманово 18, Гостивар 18, Фени Индустри 17, Карпош Соколи 16, МЗТ Скопје 15 (-2), АВ Охрид 15 (-1), Шкупи 12 (-1), Пелистер 12 (-1), Кожув 12 (-1), Струмица 11.


Фото: Карпош Соколи лесен залак за „галебите“


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 12 гласови (24%)

Полуфинале - 23 гласови (46%)

Финале - 15 гласови (30%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833