ОГЛАСИ

Католичките верници денеска го слават Божиќ

Празници | Празници | 25.12.2017 08:20Посети : 430

Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божиќ. Традиционално во Македонија, централната прослава по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше свечена литургија.



Честитка по повод празникот Божик што на 25 декември го слават граѓаните на Македонија со католичка вероисповед упати бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.


- Божик е ден кој нè води на почетоците на христијанството. Тоа е ден кога го празнуваме несфатливиот доказ на Божјата љубов кон човекот, изразена во Неговото појавување меѓу нас во отелотворувањето и раѓањето на второто Божествено лице Исус Христос. Во оваа време кога во многу човечки срца се вгнездиле темнина и неспособност да се живее живот достоен за човекот, ние навестуваме и сведочиме дека Бог спасува. Темнина се спушта над семејните вредности и темнина надвиснува во меѓучовечките односи, се шири цивилизација на смртта во која човекот е се помалку човек. Тој станува бројка и тоа експлицитно, заради користољубие. - се вели во честитката на бискупот Стојанов.

Заедно со католиците, денеска Божиќ го слават протестантите и Англиканската црква, како и некои православни цркви кои го имаат прифатено Грегоријанскиот календар. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833