ОГЛАСИ

Еднодневен семинар за спортски менаџмент во Охрид

Спорт | Охрид | 28.12.2017 17:38Посети : 1133

Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Националните спортски федерации (НСФ) во соработка со Општина Охрид организираа едновен семинар за напреден спортски менаџмент.



На еднодневната едукација, присуствуваа десетици спортски работници и професори во образовните институции од Охрид и Струга. На семинарот презентација имаа д-р Сашо Поповски, програмски директор за напреден спортски менаџмент на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Даниел Димески, член на Македонскиот олимписки комитет.



Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски истакна дека секогаш локалната самоуправа ќе биде отворена за соработка со спортските клубови и организации.

- Спортот одамна ги надминува границите на општествена активност, во која се вклучени само спортистите, клубовите и спортските тренери. Сериозниот интердисциплинарен пристап во организацијата на спортот, во кој ќе бидат имплементирани научните достигнувања од најразлични области, е неопходен услов за постигнување врвни резултати. Во таа смисла, денешниот ваш семинар, уверен сум дека ќе биде од особена полза за спортските менаџери, тренери и воспитувачи од Охрид и Струга. - изјави првиот човек на Охрид.



Охридските клубови и спортисти ги сумираат впечатоците за годината што изминува со надеж на уште поуспешна 2018 година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали прославата на Водици во Охрид треба да има кум?

Да

Не

Гласај

Да - 290 гласови (38%)

Не - 481 гласови (62%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833