ОГЛАСИ

ЕП: Ракометарите едногласни после целосното екипирање на селекцијата

Спорт | Македонија | 29.12.2017 10:21Посети : 543

Македонската ракометна репрезентација ги започна финалните подготовки за престојното Европско првенство во Хрватска, откако во стројот се приклучија сите ракометари и селекторот Раул Гонзалес Гутиерез. Репрезентативците во „црвено жолтиот“ дрес се едногласни и обединети дека треба да се фокусираат на секој следен натпревар, а првичната цел е пласман во втората фаза.



- Очекувам да ни се пружи шанси во Хрватска, а на нас останува дали ќе ја искористиме. Неуспехот тешко се заборава, а некои чекаат и најситна грешка за да ликуваат и оспорат. Гордо години наназад стојам како капитен пред македонско знаме и ја слушам македонска химна и сигурен сум дека ќе одиграме натпревари какви што сакаме и умееме. - изјави капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.



Македонија во групата се наоѓа со актуелниот првак Германија, се` подобрата Словенија и Црна Гора. - Секако, најважен дуел е за нас е првиот оној со Словенија. Секогаш во првите мечеви може да се случи некое изненадување, а зошто да не го приредиме ние. Од Црна Гора сме поквалитетни, но тие имаат тим за респект и ќе растат од година во година како нашиот пример. Дуелот со Германија ќе биде најтежок, затоа што и со подмладена репрезентација тие стигнаа до златниот медал пред две години. - истакна Филип Миркуловски.



Репрезентацијата на Македонија на ЕП ќе настапи во спој на младоста и искуството, а сето тоа треба добро да се склопи и да се оствари што подобар резултат или пласман во Хрватска.

- На собирот сме поголем дел од младинците кои настапивме на СП во Алжир и мислам дека дојде време ние да им помогнеме на постарите ракометари за што подобар резултат. Многумина викаат да се фокусираме на дуелот со Црна Гора, но зошто да не се испробаме и со Словенија, па не е таа ракометна веле сила. Германија е апсолутен фаворит, но нам некако ни оди од рака да играме со фаворитите, затоа нема да се предадаме. - потенцираше Филип Кузманоски.

Пулените на Раул Гонзалес мечевите ги започнаа на 13 јануари против Словенија, на 15 ги очекува дуел со Црна Гора, а на крајот со Германија на 17 јануари.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833