ОГЛАСИ

Новата Година во светот дочекана со големи мерки за безбедност

Вести | Свет | 01.01.2018 11:14Посети : 380

Спектакуларни огномети и прослави на плоштадите во главните градови низ светот за дочек на Новата година. Најголемата зграда во светот Бурџ Калифа во ОАЕ повторно е средишна точка за прославата на Нова година, но оваа година без огномет, на зградата беше поставено огромно лед-осветлување. Тоа е дел од безбедносни мерки, а на дисплејот поставен на источната страна од 828 метри високата зграда, прикажана е арапска калиграфија, геометриски шари и портрет на шеикот Заед кој беше прв претседател на државата.



Во САД на популарните градови голем број дочекуваат Нова година на улици, а во Њујорк на Тајмс сквер. Во Париз десетици илјади граѓани и туристи ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелиле. Дочекот беше со големи безбедносни мерки бидејќи државата беше погодена со низа терористички напади во изминатите години. Околу 100.000 полицајци и 40.000 припадници на обезбедување се распоредени ширум државата.


Во Австралија Новата година беше дочекана со голем огномет и иако имаше големо обезбедување, властите наведоа дека немало посебни причини за тревога. Новата година стигна и на Нов Зеланд каде граѓаните на улици и плажи ја дочекаа со огномет.


Во Русија Новата година се одбележува во 11 часовни зони и граѓаните присуствуваа на огномети и покрај времето не беше толку празнично поради ниските температури.
Во Јапонија голем број граѓани го прославија дочекот на Новата година во храм во Токио каде точно на полноќ по локално време ѕвонеа големи ѕвона точно 108 пати.
Во Индија се засилени мерките поради неодамнешните инцидентина југ во државата, а распоредени се 15.000 полицајци кои користат и дронови и видео камери.
На Филипини пред полноќ имаше неколку повредени луѓе од огномет. Во таа држава се верува дека гласното одбележување на Нопвата година одбива несреќи и лоши духови, но отишле во крајност бидејќи користат пиштоли и огнено оружје на дочекот не стравувајќи дека ќе бидат уапсени.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833