ОГЛАСИ

Првото новороденче во Охрид е машко, второто женско

Вести | Охрид | 02.01.2018 16:43Посети : 6013

Првото бебе во новата 2018 година во Охрид се роди денес и е машко. На свет го донесе Катерина Глигороска, која е мајка на уште две момчиња.




- Спонтано породување, бебето е со тежина од 3.520 грама и 51 сантиметри долго. Мајката и новороденчето се во добра општа состојба. Денес имаме и второ новороденче, женско, повторно од мајка треторотка, донесено на свет со царски рез и е во добра состојба. Целиот тим им посакува на новороденчињата добро здравје, среќа и долг живот, изјави д-р Мимоза Влаши, гинеколог акушер при Гинеколошкото одделение во охридската Општа болница.


Новите најмлади жители на Охрид, ги посети градоначалникот Јован Стојаноски, кој им посака добро здравје и им подари пригодни подароци.


- Да растат живи и здрави, среќни со родителите, да имаат успех во животот, да напредуваат и да живеат во едно здраво и среќно општество. Да биде плодна и бериќетна година и овие две деца да донесат многу успех, радост и што повеќе деца да се раѓаат во Охрид, бидејќи луѓето се главниот ресурс во едно општество, рече градоначалникот Стојаноски.



Новороденчињата за подарок од локалната самоуправа добија паричен чек во износ од 10.000 денари.


Т.К.



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (22%)

Полуфинале - 23 гласови (47%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833