ОГЛАСИ

Фото: Нема одмор за охридските кошаркари

Спорт | Охрид | 02.01.2018 20:20Посети : 309

Охридските кошаркари им се вратија на обврските во Новата 2018 година одржувајќи редовен тренинг во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ пред утрешното заминување за Чачак каде ќе се сретнат со Борац во 12-та рунда од Втората АБА лига. Кошаркарите на АВ Охрид одмор и пауза за полнење на батериите имаа нецела дена и во полн погон се вратија уште на првиот тренинг.




- Најпрво да ви посакам добро здравје, среќа и успех во приватните животи во Новата 2018 година. Се` другото на спортски план ние ќе го оствариме на терен заедно. Не очекуваат тешки натпревари во Втората АБА лига и нашиот шампионат, уште потешки од првата полусезона и затоа ќе работиме максимално ангажирано и посветено за да ги оствариме нашите цели. - им се обрати на играчите тренерот Петар Чочороски. 




Надвор од стројот поради повреда беше Бранко Јанески, додека останатите кошаркари се здрави и подготвени за новите предизвици.




Во есенската полусезона „галебите“ во Првата лига завршија на седмата позиција со пет победи и шест порази, додека во Втората АБА лига скор од една победа и единаесет порази и се наоѓаат на последното место на табелата.


Нов кошаркар во јатото на „галебите“


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 11 гласови (22%)

Полуфинале - 23 гласови (47%)

Финале - 15 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833