ОГЛАСИ

Борац Чачак прв ривал на „галебите“ во 2018 година

Спорт | Охрид | 03.01.2018 08:15Посети : 291

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид на стартот од Новата 2018 година гостува кај тимот на Борац Чачак во првата рунда од втората полусезона во Втората АБА лига. Кошаркарите на Борац се фаворити пред мечот, а охриѓани со најновото засилување во составот Мартин Јунаковиќ ќе пробаат да им се спротистават на домаќините.



- Почнуваме од почеток и не се навраќаме на оние десет порази од првата полусезона. Секој меч за нас е нова приказна и така пристапуваме иако имаме лош скор на табелата. Одиме да се надигруваме и да акумулираме што повеќе искуство кое очигледно ни е потребно во тесните натпревари. - изјави Петар Чочороски.



Американскиот интернационалец Рос Кенет Милер очекува возбудлив натпревар без разлика на фаворитската улога која ја има домаќинот. 


- Најпрво треба да се фокусираме на првата четвртина која ни е најпроблематична во натпреварите од АБА лигата. Речиси сите мечеви ги губиме после една лоша четвртина, а во поголем дел тоа е првата четвртина. Затоа треба да го почнеме мечот фокусирано и да не дозволиме домаќинот брзо да ни се одлепи. - рече Американецот.

Натпреварот се игра во четврток со почеток во 19 часот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 92 гласови (30%)

Не - 215 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833