ОГЛАСИ

Работодавачите и работниците ќе одлучуваат дали следниот 2 јануари ќе биде неработен

Вести | Македонија | 03.01.2018 07:00Посети : 700

По многуте забелешки од граѓаните изминативе години дека 2 јануари треба повторно да биде неработен ден, Министерството за труд и социјална политика најавува преиспитување на Законот за празниците на Република Македонија, пренесува „Макфакс“. За да се предложи следниот 2 јануари пак да биде неработен ден, од Министерството велат дека се клучни мислењата од работодавачите и од работниците.



„Во изминатиот период во врска со Законот за празниците на РМ многу често се поведуваа прашања во насока дека тие се многу на број, дека треба да се дополни со неработни денови за други националности итн. Работодавачите често укажуваат дека има многу празници. За да може да се пристапи кон какво било решение, ќе треба прашањето да се отвори и да се разговара со претставници на работодавачите и претставници на работниците и, секако, да се разгледаат меѓународните искуства за бројот на неработни денови. Потоа ќе може да се пристапи кон предлог во кој ќе се согледа и можноста дали 2 јануари да се смета како неработен ден“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Законот за празниците беше изменет во 2007 година кога 2 јануари беше прогласен за работен ден, а беа додадени низа нови празници. Постојниот закон предвидува 12 неработни дена за сите граѓани на Република Македонија, дополнителни 5 неработни за православните граѓани, дополнителни 3 за католиците, 1 за муслиманите и по уште еден неработен ден за припадниците на албанската, српската, ромската, влашката, еврејската, бошњачката и за турската заедница. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Кој е дострелот на македонската ракометна репрезентација на ЕП во Хрватска?

Разигрување во четвртфиналната група

Полуфинале

Финале

Гласај

Разигрување во четвртфиналната група - 36 гласови (19%)

Полуфинале - 96 гласови (50%)

Финале - 59 гласови (31%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833